|
A1 |
- 19 години самостојна Македонија
Во МОТ ќе се одржи свечената академија. За 19-те години независност, за 19-те години премрежја, падови успеси, ќе говори претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе говори првиот човек на институцијата каде што се донесени речиси сите историски одлуки за Р.Македонија меѓу кои и онаа на осми септември 1991-ва година да се излезе на референдум и граѓаните да го кажат својот глас за иднината на Р.Македонија. Видео » - Премиерот Груевски се сретна со Македонците во Албанија
Невработеноста и вода за пиење се уште се главни проблеми во единствената македонска општина во Албанија, Пустец. Од мала сиромашна општина во последниве две години започна да наликува на урбана средина. Видео » - Црвенковски: Догодина независноста ќе ја славиме како партија на власт
Македонија е во слеп колосек, доведена е во прашање иднината на земјата - Црвенковски од Пеленица над Драчево повика на промена на власта догодина. Луѓе умираат по ходници, загрозена е ЕУ и НАТО перспективата, СДСМ ја има одговорноста да помогне како по референдумот 91-та и и војната 2001-вата смета Црвенковски. Видео » - Бајрамска порака на Реис Ул Улема Сулејман Реџепи
Вечерва завршува Рамазан - светиот исламски месец на постот. Во традиционалната бајрамска порака, поглаварот на исламската верска заедница Реис Ул Улема Сулејман Ефенди Реџепи на верниците им порача да бидат великодушни, да работат на возобновување на духовното богатство, мирот и правдата. - Убиство во Студеничани
Го убил во дворот од семејната куќа, пред очите на татко му и брат му, се скарале, кој прв да ја помине улицата. 23-годишниот Алија Раметула синоќа е убиен во Студеничани, во него пукал неговиот соселанец 23-годишниот Муамет Амети. Видео » - Три месеци малтретирани и тепани од нивни сожители
Го претепале до бессознание и го фрлиле под еден мост оставајќи го без никаква помош. Дејан Цинцароски од прилепското село Чепигово обвинува дека три месеци цела фамилија се малтретирани од страна на нивни сожители, а полицијата не преземала ништо. Видео » - Почеток на симболичното востание на македонските новинари
Протестите ги одложија, но не и новинарското востание. Иницијаторите денеска поставија платно на скопскиот плоштад, на кое граѓаните, симболично, на денот на независноста, пишуваа пораки со оценки за независноста на новинарството. Видео » - Власта не сака професионално и објективно новинарство
Партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ пишуваа невкусни пораки на платното кое новинарите го поставија на плоштадот. Овие лица стоеја отстрана и на секоја примена смс порака трчаа кон платното и пишуваа оти новинарите се платеници на Бранко Црвенковски, а за сето ова крива била А1 телевизија и Велија Рамковски. Видео »
|
|
Slovenija |
|
Hrvatska |
|
Bosna i Hercegovina |
|
Srbija |
|
Crna Gora |
|
Makedonija |
|
|