|
On |
- Откажано палењето Курани... или пак не?
Само неколку часови откако ветил дека нема да пали копии од Куранот, пасторот од Флорида се предомислил и се заканил дека сепак ќе го одржи контроверзниот настан, ама некој друг ден. - Усвоена резолуцијата за Косово
Генералното собрание на Обединетите Нации без гласање ја усвои резолуцијата за Косово, која ја поднесе Србија заедно со 27 држави на Европската Унија, со што му е ставен крај на процесот покренат пред Меѓународниот суд за правда во Хаг и отворен е пат за дијалог помеѓу Белград и Приштина. - Магија - политика 1:0
Сенаторите на Романија го одбија предлогот за воведување данок за вештерките и претскажувачите на судбина а предлагачите тврдат дека нивните колеги се исплашиле да не им биде фрлено проклетство доколку прифатат ваков закон. - Талибанците најавуваат победа
Војната во Авганистан ја добиваат талибанците и акцијата предводена од НАТО е тотална утка, во една од ретките изјави посочил лидерот на милитантите Мулах Омар, повикувајќи го Барак Обама да ги повлече трупите “безусловно и што е можно поскоро.“
- Висока дипломатија под “гас“
“Знам дека никогаш не сум ви се допаѓал господин генерален секретар, ниту пак вие мене сте ми се допаѓале... Јас навистина не ги сакам ниту Американците,“ му наздравил кинески дипломат на Бан Ки Мун минатата недела во Австрија, за кого присутните на настанот тврдат дека претходно испил неколку чашки алкохол. - Мали нео-нацисти
Нео-нацистите се обидуваат да им го исперат мозокот на децата со тактики што потсетуваат на Третиот Рајх, меѓу кои и аплицирање за раководење на дневни детски центри, регрутирање на наставници од нивните редови и наметнување на книги кои го слават Хитлер на децата во градинките, посочуваат германските власти. - изјава, Емо Филипс
- Писма на превезени читатели
„Дечки, се слушаме?“, грмна „сикјурити офисерот“ на автобуската во Битола. Фала Богу дека го слушнавме – се раздра небаре е на сред село, а ние како да сме копиљаци кои фрлаат камења кон прозорите на празната школска зграда. Колку и да нe изненади, сепак не ни сонувавме зошто всушност ни се обраќа. - МКД Андроид апликации х 5
Објавивме една Андроид апликација, па читател ни сугерираше уште неколку. Имаме една за такси, една за автобуси, две за паркирање и една за банкомати. - НабрзинкаАвгуст
- Фул Метал Дизни
Пајо ги подредува трупите во легендарниот Фул Метал Џакет. Покрај синхронизација и преводи, секој филм би требало да има и Пајо Патор верзија. Комплетно профи склопено. - Како се калеше паркурот
Малку да се утешиме дека сепак и тие пред да станат "нинџи" биле како сите нас со две леви нозе. И воопшто не било безболно тоа што го научиле:) - Еволуција на Ворп
Една од највоочливите разлики кај новите Ѕвездени патеки е начинот на кој Абрамс ја прикажа Ворп бризната. Мала рекапитулација на развитокот на ворп брзината во Ѕвездени патеки. - Dan Escobar
- Зошто ги нема Лисиците?
Црвени Лисици е украинската танчерска група, која мистериозно исчезна по неколку дена настапување на паузите на светското првенство во кошарка. Иако нема официјално објаснување, се шпекулира дека Лисиците биле премногу провокативни и кратко облечени за домаќинот. Еве на што наводно забележуваат Турците. - Направете книга од Википедија
Една од алатките што ги нуди Википедија ви дозволува да составите сопствена книга, од темите кои ве интересираат. Целата постапка е премногу едноставна и се што треба е да кликате на линковите кои сакате да ги има во вашата книга. Дури ако сакате можете да одберете и цела тема, како религија, фудбал, музика или филозофија, и сите статии поврзани со неа, со еден клик да ги стокмите во една книга. - Иде Миле
Можеше да ви дадеме цел месец да размислувате на тема: Што ново ќе видам од Јапонија, и никогаш немаше да погодите. Ама никогаш. Јапонско првенство во групно одење! И како добро изгледа... - Што се изнакупува Гугл
Список на технологии, пазар и талент, што Гугл го купи од 2001-ва до денес. - 30 години Солидарност
- Водич за свински ребра
Baby back ribs Името го добиваат заради тоа што се пократки од останатите ребра. Поврзани со 'рбетот, сместени меѓу слабините, ова се најчистите и најмеките ребра. Просечно парче има меѓу 11 и 13 коски, од кои најмалата е околу 8 сантиметри, а најголемата околу 16. - Корупцијата е голема и моќна ѕверка
Насилството во моите филмови е толку карикатурално и стилизирано што никој не може да го сфати сериозно. Или барем не премногу сериозно. Отсекогаш сум бил голем љубител на стриповите и филмската забава, на извитоперената комедија. Тоа е дел од мојот карактер. Иако веќе имам пет деца, сè уште сум многу детинест. - 14 најглупи изјави на славни
Откако ќе ги прочитате изјавиве, ако ништо друго, барем инстантно ќе се чувствувате попаметни. "Мислам дека геј бракот е нешто што треба да биде меѓу маж и жена," Арнолд Шварценегер. - Планета на Арапите
Од 1000 филмови кои имале арапски или муслимански ликови од 1986-та до 2000-та, во само 12 тие биле позитивни, во 52 неутрални и во над 900 филмови комплетно негативни. - Рамковниот Боки 13
Прашање на време беше кога и албанската заедница во Македонија ќе го изнедри својот естраден чемер со кој сите ние братски ќе ги челичиме своите нерви. Се вика Бурим, треба малку да поработи на својот аутфит, но веќе е на пат од кој нема враќање :) - Скокај
- Писма на М&М судии
Кога и да отворам пакетче М&М, должен сум да ја продолжам силата и цврстината на бонбоните како вид. За оваа потреба, одржувам М&М дуели. - Цимер од пеколот
Ајде сега одма да се јавите и да се извините ако некому сте му мрчеле дека е неподносливо да се спие со него во иста соба. Како Чубака да бил на момачко и да заспал кај вас во соба. - Македонија - Холивуд (трето полувреме)
|
|
Slovenija |
|
Hrvatska |
|
Bosna i Hercegovina |
|
Srbija |
|
Crna Gora |
|
Makedonija |
|
|